Колку сe безбедни автомобилите стари десетина години?

од desk2

Нормите на агенциите за безбедност во сообраќајот од година во година бараат повеќе и повеќе, новите автомобили се преполни со безбедносни системи, но колку се безбедни половните возила кои најмногу ги има на патиштата?

Грижата не се однесува за најновите модели кои ги исполнуваат бројните тестови на судири, но учесниците во сообраќајот се најмногу загрозени поради постарите автомобили.

Поради тоа, во Шведска бeше направено тестирање на два популарни автомобили стари десетина години, Volkswagen Golf петта генерација и Mazda 6 прва генерација.

Двата модели беа произведени во периодот меѓу 2004 и 2008 година.

Швеѓаните параметрите за тестирање ги усогласиле според EuroNCAP стандардите, изведувајќи неколку тестови за кои потоа добиле соодветни оценки.

Mazda добила 18 поени, односно три EuroNCAP ѕвездички, за разлика од 26 поени и четири ѕвездички кои ги доби пред 14 години.

Golf од друга страна помина многу подобро, освојувајќи четири EuroNCAP ѕвездички.

Слични содржини