“Да кажеме дека на некој чудотворен начин Русите ќе ја поразат ” Исламска држава “. Единствениот начин исламистите да бидат држени во состојба на победа е да бидат заменети со умерени сунити. Но кои умерени сунити ќе се обединат со Русија, додека на Путин се гледа како на главен бранител на еден убиец, кој фрлаше од хеликоптери буриња-бомби во станбени населби, човек кој убил повеќе сунити од кој и да е друг на планетата – Башар ал Асад?

Obama-and-Putin-Through-a-Snipers-Scope-111717

Путин глупаво влезе во Сирија, барајќи евтина занимација за своите луѓе за да им покажува дека Русија се уште е светска сила. Па, веќе се качил на ова дрво. Барак Обама и Џон Кери треба да го оставатт таму за еден месец – Путин и Асад, да се борат сами со “Исламска држава” – и да се види како рускиот претседател се претвора во јавен непријател №1 во сунитскиот муслимански светт. “Еј, Владимир, како ти се одвиваат таму работите, а?”

Единствениот начин Путин да слезе од ова дрво е со западна помош во остварувањето на политичко решение во Сирија. И тоа ќе се случи само ако Русите и Иранците го принудат Асад – по еден преоден период – да се тргне од власта и да ја напушти земјата, а во замена за тоа опозицијата да ги гарантира елементарната безбедност и интересите на неговата алавитска заедница и прифаќање од двете страни во конфликтот на меѓународна сила на терен, која ќе ја гарантира примената на договорот. ”

Ова го пишува во коментарот во “Њујорк тајмс” долгогодишниот аналитичар на изданието за Блискиот Исток Томас Фридман.

Тој се залага за заштита на политиката на Барак Обама во Сирија, бидејќи смета дека правилно американскиот претседател проценил колку двосмислен и сложен е овој конфликт. Проблемот е што тој не го објасни подобро тоа на американскиот народ, вели Фридман.

“Тој остава да го збируваат јавно и да излегува да изговара работи за кои инстинкт му вели дека нема да проработат. Така ја добива и најлошата комбинација – реториката не му одговара на неговите постапки, а неговата политика не врши работа”, вели уште Фридман .

Авторот верува дека републиканците во САД се уште полоши и им недостасува мудроста на луѓето кои знаат добро за случувањата на Блискиот Исток. Тие претпочитаат прво да анализираат и потоа да утврдат цели во Сирија без гаранции дека пристапот им ке им пројде подобро отколку во Ирак или Либија. “Луѓето кои не знаат како да се справат со расните немири во центарот на Балтимор мислат дека знаат како да го спасат центарот на Алепо и тоа од само од воздух!”, вели Фридман.

Тој потсетува дека сложеноста на една ситуација не е причина да се биде неактивен. “Можеме да направиме нешта што ќе имаат ефект, но единствено ако гледаме јасно на нашите непријатели и сојузници во Сирија.”

На оние кои даваат за пример решителноста на Путин, авторот прашува: “Вие тоа серизоно ли? Размислете за следново – да кажеме дека сега САД не прават ништо и едноставно го оставаат Путин да бомбардира и да ги зајакнува позициите на Асад. Колку време ќе помине пред да се појави слика со ликот на рускиот претседател во цел на снајпер во смартфоните на секој сунитски муслиман во Блискиот Исток, да не зборуваме за секој џихадист во светот? Сунитите се големото мнозинство во Сирија. Тие се доминантна форма на исламот во арапскиот свет . На Путин и Русија ќе се гледа како го штитат по секоја цена Асад – проирански поставен алавит / шиит, воен злосторник и извршител на геноцид. Путин ќе го отуѓи од себе целиот сунитски свет, вклучувајќи и руските муслимани. ”

Фридман смета дека американскиот интерес во Сирија е да престанат двете најголеми закани – “Муслиманска држава” и трагедијата на сириските бегалци коги ги преплавуваат Јордан и Либан и се закануваат да ја дестабилизираат Европската унија.

“Ако сакаме нешто подобро – сириска демократија за сите етноси и вери – треба да одиме таму и да ја изградиме сами. Да се ​​тврди дека тоа ќе се случи, ако ги вооружуваме умерените Сиријци, е апсолутно откачено.

“Њујорк тајмс” напиша овие денови дека од 2011 година. година во Ирак и Сирија се борат речиси 30 000 борци – да се борат за “Исламска држава” и калифат. Колку Арапи и муслимани отидоа во Сирија да се борат за думократија? Нула. ”

Причината, според авторот, е дека џихадисти се фасцинирани од една извртена идеологија, додека умерените Сиријци ќе се борат во заштита на своите домови и семејства, а не за некоја апстрактна идеја како “демократија” и обуката од американски војници нема да го промени овој факт.

“Има ли вистински демократи во сириската опозиција? Категорично да, но тие не се доволно и немаат организацијата, мотивацијата и пред се суровоста на нивните противници. Секој сака непроблематична интервенција во Сирија, во која изгледа дека правиш нешто, но без да платиш политичката цена и да испратиш војници на терен или да правиш компромиси со несигурни партнери. Но, во реалноста нема таква опција.

Мислам дека Путин во Сирија на крајот ќе биде принуден да склучува договори или барем да договори трајно примирје, за да престанат бегалците. Ако засега го постигнеме тоа, пак ќе сме сториле многу. “

Слични содржини