Над 5.000 бремени Колумбијки се заразени со вирусот Зика. Податоците се на Националниот институт за здравство на Колумбија.

1032881-ZikaWaPo-1453545292-829-640x480

Бројот на заразените во земјата достигна речиси 32 илјади.
Се смета дека најголема опасност од вирусот има за бремените жени, бидејќи доведува до малформација и ментална ретардација кај новородените бебиња.

Светската здравствена организација, пак, објави дека болеста се шири експлозивно , а се очекува бројот на заболени на планетата да достигне 3-4 милиони.

Слични содржини