Колумбија пушти банкнота со ликот на Маркес

од Vladimir Zorba

Колумбија воведе во оптек банкнота од 50 000 пезоси (17,43 долари), на која е прикажан писателот Габриел Гарсија Маркес, информира АФП. 5026296Познатиот романсиер и Нобелов лауреат почина во април 2014 година во Мексико на 87-годишна возраст. Со тоа Колумбија оддава почит на човекот, благодарение на кого земјата стана позната во целиот свет, изјави директорот на колумбиската централна банка Хозе Дарио Урибе.

Церемонијата на презентацијата се одржа во градот Санта Марта, лоциран во одделот каде е роден Маркес. Банкнотата е светло-виолетова на боја и на неа писателот е прикажан два пати, како на едната страна тој е со подадена рака, а над него лебди пеперутка – најверојатно референца кон романот “Сто години самотија”.

Маркес е едно од лицата на литературниот правец магичен реализам и еден од најистакнатите претставници на латиноамериканската и светската проза на дваесеттиот век. Тој е автор на светски познатите романи “Сто години самотија”, “Есента на патријархот” и “Никој не пишува на полковникот”.

Слични содржини