Командантот на сојузничките НАТО сили во Европа американскиот генерал Куртис Скапароти, порача дека меѓународните заштитни сили (КФОР) ќе останат на Косово се додека е потребно.

Тој изрази загриженост поради најавите дека армијата на Косово се формира без промена на важечкиот косовски Устав.
Скапароти кој што во средата разговараше со српскиот воен и државен врв во Белград, порача дека целта на неговата посета е разговори за соработката на НАТО и Србија и нагласи дека „било каква промена во положбата на силите на КФОР зависи од условите на теренот“.

„КФОР ќе ја продолжи својата мисија да биде гаранција на слободата на движење и безбедносното опкружување на Косово, се додека тоа биде потребно“, изјави американскиот енерал Скапароти.

Командантот на НАТО за Европа, како што пренесуваат српските медиуми, изјавил дека НАТО Алијансата е загрижена од идејата дека Косовските безбедносни сили се трансформираат во косовска армија, а на тој процес не му претходат потребните промени на косовскиот Устав.

„НАТО Алијансата е загрижена поради предлогот Косовските безбедносни сили да се претворат во косовска армија без промена на Уставот“, изјави Скапароти и додаде:

„Но, НАТО Алијансата истовремено ја поздравува подготвеноста на сите заедници кои што живеат на Косово, се ангажираат во развивање на дебатата за иднината на Косовските безбедносни сили“, изјави американскиот генерал

Слични содржини