Комби влета во група луѓе во центарот на Барселона убивајќи 10 луѓе

од desk2

Најмалку десетмина се убиени откако комби се залетело и удрило во пешаци на плоштадот „Каталуња“ на познатата улица Ла Рамбла во центарот на Барселона, јавуваат светските медиуми што се оценува како терористички акт.

Службите за итна помош, апелирале граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот и побарале да бидат затворени трамвајските и метро-страниците.
Болниците бараат донори на крв, поради недостаток за сите повредени.
Извештатите од местото наведуваат дека луѓето се засолнуваат во околните продавници и кафулиња.

Возачот на комбито побегнал од местото, јавуваат дел од шпанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, а некои медиуми јавуваат дека тој влегол во некој турски ресторан кој сега е опколен од полицијата.
Уште едно комбе е запленето под сомнение дека е поврзано со она од инв=цидентот во градот Вик северно од Барселона.
Некои медиуми јавуваат дека приведен е Дрис Оукабир, од Марсеј Франција, кој живее во Шпанија, поради поврзаност со инцидентот.


Плоштадот „Каталуња“ е едно од најфрекфентните места во Барселона кое дневно го посетуваат илјадници туристи.

Слични содржини