Коментар на грчката опозициска Нова демократија: Ципрас и Заев не споменаа ништо за ревизија на Уставот

од desk4

За грчката опозициска партија Нова демократија,  промена на уставот и елиминација на иредентистичките позиции,  се неопходните предуслови за постигнување на заедничко решение.

Со соопштение се огласи оваа партија која реагираше на средбата на Заев и Ципрас во Давос и упати критики до грчкиот премиер кој не може да преговара врз база на националните интереси.

– Решавањето на проблемот меѓу Грција и ПЈРМ како неопходен предуслов ја има ревизијата на Уставот на соседната земја за да се смени нејзиното име и да се елиминираат иредентистичките позиции. За овој клучен параметар ниту господинот Ципрас ниту господинот Заев не споменаа ништо. Јасно е дека господинот Ципрас не може да преговара врз база на националниот интерес, коментираа од Нова демократија во нивното соопштение.

Слични содржини