Собранието попладнево со 52 гласа „за“ и 33 „против“ на 103 седница ја донесе одлуката за формирање Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.

sobranie-860x680

Во Комисијата ќе има 11 члена, 6 од ВМРО-ДПМНЕ, по два ќе имаат СДСМ и ДУИ, а ДПА ќе има еден член. Претседател на комисијата е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во Комисијата треба да се дебатира врз основа на аргументи и дека извештајот на таа комисија да биде врз основа на изнесените аргуементи. Тој додаде дека Комисијата треба да работи согласно Уставот за да може да ја исполни својата задача и извештајот што ќе го подготви да не биде политизиран.

Пратеничката Рената Дескоска од СДСМ рече дека не е обезбедена соодветна застапеност на членовите во комсијата и дека донесената одлука ќе ја обжалат пред Управниот суд.

– Комисијата за импичмент треба да има претседател и 10 члена, со тоа што треба да биде обезбедена соодветна застапеност од пратеничките групи и од пратениците кои не се огранизирани во пратенички групи. Каква е таа соодветна застапеност, кога ВМРО-ДПМНЕ добива апсолутно мнозинство во Комисијата, а такво нема во Собранието. Согласно соодветната застапеност на пратеничката група на СДСМ, во Собранието ние треба да имаме 3 члена, а вие 5. Согласно вашето самоволие вие сте ни предложиле ние да имаме два члена, а вие шест. Тоа е комплетно незаконито – рече Дескоска.

Oваа ад-хок комисија има рок од 7 дена да поднесе извештај, по што Собранието има рок од 7 дена да закаже расправа за извештајот./Мета

Слични содржини