Комисиската расправа за буџетот почна без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

од desk2

Првото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет почна во 13.20 часот, откако пет пати беше одложувана. На седницата не учествуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Со комисијата претседава пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој на почетокот рече дека бил овластен од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја води оваа седница.

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрeвски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на седницата за да имаат, како што рече, „суштинска дебата за овој значаен документ“.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да дојдат да се вклучат во дискусијата за буџетот и да ги бранат многуте амандмани што ги предложија. Доколку донесат таква одлука, во секој момент претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска, може да дојде и да продолжи да ја води дебатата, која треба да биде суштинска. Поминаа шест дена, а за комисиска расправа се предвидени 10 дена – рече Митревски.

Слични содржини