Компани: Сити не е најдобриот тим во историјата на Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот Венсан Компани изјави дека е премногу рано Манчестер Сити да биде сметан за еден од најдобрите тимови во историјата на Премиер лигата. Неговиот тим стана шампион по поразот на Манчестер Јунајтед против Вест Бромвич, а како целина до моментов Сити има 93 гола во 33 натпревари и 16 поени предност против „црвените ѓаволи“. Ова е сезона на целосна доминација.

„Луѓето се прашуваат дали ние сме најдобриот тим во историјата на Премиер лигата, но одговорот е не, затоа што ни останува да завршиме уште многу работа. Можеме да бидеме судени само за одреден период на време, така што се потребни две, три или четири последователни сезони со слична игра и слична упорност. Ова треба да го направиме“, рече тој.

“Имам привилегија да бидам дел од одличен тим, во кој играат неверојатни фудбалери. Тие се добри момци и атмосферата е одлична, а јас уживам во секој мој натпревар. Горд сум со тоа што го постигнавме“, додаде Компани.

Слични содржини