Компјутер во локомотива: Холанѓаните тестираат самовозечки возови

од desk2

 

За подобро да се искористат постоечките капацитети за превоз на патници, Железници на Холандија од оваа година тестираат возови без машиновозач.


Како што пренесе холандската телевизија РТЛ, пробното возење ќе се врши на релација Лелистат-Зволе, а пру тестирањето возовите нема да превезуваат патници.

Компјутерот ќе биде вграден во локомотивата и ќе го преземе најголемиот дел од работата, но машиновозачот, и понатаму ќе биде присутен во возот, ако има потреба да реагира. Претставници на Синдикаото на железницата неодамна беа во посета на железницата на велика Британија за да видат како таму работат самовозечките возови и според зборовите на еден од нив, релативно се задоволни.

Според пресметките на железницата, со моменталниот раст на бројот на патници, максималниот капацитет ќе биде надмашен во 2027 година, порано отколку што се очекуваше. Железниците на Холандија во работен ден во просек превезуваат 1,3 милиони патници.

Како што се наведува, на релација меѓу Ајндховен, Утрехт и Амстердам возовите одат на секои десет минути. На некои линии со голем број патници, возовите веќе сега не можат да бидат продолжени со дополнителни вагони, меѓу другото и поради тоа што станичните перони се прекратки.

Слични содржини