Кондовец ја претепал сопругата и го зел 8-годишниот син

од desk2

Триесет и тригодишна жителка на Кондово вчера пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот сопруг при што се здобила со повреди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 19,30 часот М.С.(33) пријавила дека околу 14,00 часот во нејзиниот дом во село Кондово од страна на нејзиниот сопруг С.А.(36) била физички нападната, при што ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото.

Потоа С.А. го зел нивниот осумгодишен син и излегол од домот, а М.С. изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош. Таа била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични содржини