Фудбалската репрезентација на Македонија после долга серија лоши резултати, поладнево ја совлада Црна Гора со убедливи 4:1, полувреме 3:0.

hitportal-makedonska-reprezentacija-poen-so-skotska (1)

Хет трик на натпреварот постигна Александар Трајковски. Еден гол беше дело на Ванче Шиков, а голот за Црна Гора го постигна Стеван Јоветиќ.

Првиот гол на мечот постигна Ванче Шиков во 35. минута, а во рок од 5 минути Македонија постигна уште два гола преку Трајковски во 38. од пенал и во 40. Минута.

Во второто полувреме Трајковски во 64. Минута го комплетираше хет трикот, а Јоветиќ во 89. минута го ублажи поразот за гостите.

На Арената „Филип Втори“ имаше околу 500 гледачи. Судија беше Ивајло Стојанов од Бугарија

За Македонија настапија: Димитриевски, Ристовски, Шиков, Мојсов, Жута, Стјепановиќ (72’ Брдаровски), Глигоров, Тричковски (57’ Петровиќ), Ибраими, Трајковски (83’ Илијоски), Велкоски (58’ Несторовски).

Слични содржини