Конгресмени во САД се сомневаат дека Флин добил незаконски пари од Русија

од Vladimir Zorba

 – Поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Мајкл Флин веројатно прекршил закон со тоа што не добил дозвола за платен пат во Русија во 2015 година, соопштија денеска лидери на надзорен панел во Претставничкикот дом на САД.

За време на посетата во Москва, Флин вечерал со претседателот на Русија Владимир Путин.

– Генерал Флин имал должност и обврска да побара дозвола да прими пари од странски влади, изјави републиканецот претседавач со Комитетот, Џејсон Шафец.

Тој нагласи дека мислење на Комитетот е дека сметаат оти Флин никогаш не побарал или добил таква дозвола.

Флин беше присилен да поднесе оставка на 13 февруари поради тоа што не открил дека разговарал со рускиот амбасадор во САД за санкциите што Вашингтон ги воведе спрема Москва.

Слични содржини