Конгресот на САД го објави законот за санкции против Русија

од Vladimir Zorba

Конгресот на САД денеска  на својата интернет страница го  објави законот за санкции против Иран и Русија, пренесе “РИА Новости”.

Гласањето ќе се одржи на 25 јули. Предлог-законот предвидува да скрати максималниот рок на пазарно финансирање на руските банки, кои се наоѓаат под санкции на 14 дена, а на казнетит  компании од нефтогасниот  сектор – на 30 дена.

Документот, исто така, предвидува дека претседателот на САД да  може да наметне санкции на лица кои имаат намера да вложат во изградбата на руски извозни гасоводи  повеќе од пет милиони долари за година или еден милион долари одеднаш. Под ударот  спаѓаат исто така лицата кои обезбедуваат услуги  на проектот, технологија или вршат информациска поддршка.

САД продолжува да се спротивстави на изградбата на гасоводот “Северен поток-2”, поради “лошото влијание врз енергетската безбедност на ЕУ, развојот на гасниот пазар во Централна и Источна Европа и поради енергетските реформи во Украина”.

Авторите на документот, исто така, имаат намера да направат приоритети на администрацијата на САД, извозот на американски енергоресурсите во Европа, за да “ја  заштитат енергетската безбедност на сојузниците”.

Хојт Ји: САД засилено ќе го поддржи Балканот за да го заштити од Русија

Заедно со тоа Конгресот смета дека нема потреба да се наметнат нови санкции во сферата на соработката меѓу САД и Русија во вселената, за да не му наштетат на НАСА. 

Слични содржини