На 13-тиот кат во зградата Βerlaymont во Брисел, на неколку метри од канцеларијата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, во обезбедувана соба се чува планот за излегување на Грција од еврозоната. Тој е напишан за помалку од еден месец од 15-члена група на ЕК.

20150719.xuhelgcxqz
Во него се дава одговор на прашања поврзани со справувањето со GREXIT. Одговорите вклучуваат, колку и да е шокантно, дури и веројатност за излегувањето на земјата од Шенген и ЕУ. Ова го пишува во репортажа и дописникот на грчкиот весник “Катимерини” во Брисел Елени Варвициоти. Грција може и да избегна минатата недела директниот ризик од излез од еврозоната и започна преговори за трет меморандум. Но, како што вели претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, овој договор е само првиот чекор.

До драматичниот Самит за Грција два дена по референдумот, за овој план само се слушаше, но ништо не беше потврдено. Но, по завршувањето на средбата утрото во средата, од подиумот на Европскиот совет Доналд Туск, видливо лут од кажаното од Ципрас, откри пред десетици новинари дека овој план постои и е подготвен.

Според европски чиновник, на оваа средба на врвот ЕК веќе го имала планот кој и му бил опишал детално на грчкиот премиер уште пред средбата. Жан Клод Јункер инсистирала на сите детали на еден Grexit и му дал на Ципрас да ги дознае правните и политичките рамки на едно такво решение.

Во овој многустраничен документ, според истиот извор, кој го познава, се содржат одговори на 200 прашања кои би настанале во случај на Grexit. Прашањата се меѓусебно поврзани, бидејќи излез од еврото би создало синџир на настани за релативно мал период – од воведувањето на драхмата во економијата до девизната контрола, кој ќе се врши на границите на земјата, кои конечно ќе доведат до излегување од Шенген.

Овој план, според изворот, е составен во услови на крајна тајност. Специјална група од 15 лица од ЕК, со директни контакти со Грција, почнала да го подготвува. Во исто време нејзините членови се директно поврзани и со голем број високи претставници и главни дирекции во ЕК. Подготовката на планот започнува кога грчката програма се приближува кон својот крај (крајот на јуни), па ЕК да е подготвена за Grexit. Од моментот кога беше прогласен референдумот (26 јуни) подготовка е забрзана. Во текот на викендот на референдумот работата по планот е континуирана, па 2 дена подоцна, на предметниот Самит, планот имал веќе завршна форма.

Според добро информирани извори, изготвувачите на планот работеле со “болка во душата”, бидејќи не можеле да поверуваат дека работите стигнале дотаму. Повеќето од нив биле директно поврзани со спасувачките програми за Грција. Во ЕК имало надеж дека, иако во последен момент, ќе се најде решение. Членовите на оваа група знаеле подобро од било кој друг какви ќе се последиците од излегувањето на Грција од еврозоната и разбирале цената на таквата одлука. Еден од членовите на групата изјави на останатите “Ако овој план се примени по патиштата на Атина ќе се слуша татнежот на тенковите”.

И иако сега овој план е само далечна веројатност само неколку дена порано, на 7 јули наутро, по 17 часа континуирани преговори на Самитот, висок европски службеник изјави за Катимерини дека излегувањето од еврото беше на конец. Ципрас и Меркел во тоа време зборуваат за прекинување на преговорите. Од една страна Ципрас сака 24 часа за да се консултира со парламентот. Од друга страна, Меркел сака друг состанокот во средата, по два дена. “Бараа оправдување да прекинат преговорите”, вели изворот, запознаен со она што се случи на средбата. “Беше многу ризичен момент, но исто така и многу спонтан, бидејќи беше нивната вистинска реакција на заморот и немоќта “.

Слични содржини