Конститутиран Совет за култура, ќе го советува Алаѓозовски

од desk2

Со одлука на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вчера во Скопје бил основан Совет за култура, како стручно и советодавно тело на министерот за култура, со членови од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на компетентност и на соодветна и правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници, информираше Министерство за култура.

Членови на Советот се Ѓунер Исмаил, претседател на Советот, Мирослав Грчев, Петар Арсовски, Маја Бојаџиевска, Владимир Милчин, Рамадан Рамадани, Соња Абаџиева, Решат Амети, Дијана Тоска, Гена Теодосиевска, Бајрам Чупи, Весна Илкова-Гиновска и Селам Сулејмани.

Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура по прашања од неговата законска надлежност, а се свикува на барање на министерот. Членовите на Советот се избираат за време на мандатот на министерот за култура, со времетраење на мандат од најмногу две години.

Слични содржини