Наталија Трукачева, сопруга на настраданиот копилот за руска телевизија изјави дека нејзината ќерка се слушнала со таткото пред да полета од Шарм ел Шеик кој и се пожалил дека авионот е лоша техничка состојба.

_86428768_8bde42fa-8b1f-4816-b1ee-7264780b2ee6

Сепак, претставникот на компанијата „Когалимавија“ тврди дека 18 години стариот авион бил во перфектна состојба и дека пилотот Валери Немов бил исклучително искусен со 12.000 часови лет зад себе.

Официјални лица од Египет претходно изјавија дека авионот изгубил контакт со контролата на лет, но и дека пилотот се пожалил на технички проблеми поради што побарал да се спушти на најблискиот аеродром. Според некои податоци, пилотот во агонија сакал да слета во пустина, но не успеал во својата намера.
Подоцна, египетскиот министер за цивилна авијација, Хосам Камал, рече дека тоа не е точно, односно пилотот во ниеден момент не се пожалил, ниту побарал принудно слетување. Египетескиот премиер изјави дека твдењата на Исламска држава дека падот на авионот е нивно дело се лажни и дека проблемот најверојатно бил во техниката неисправност на авионот.

Засега три авио компании „Емиратес“, „Ер Франс“, и „Луфтханза“ не сакаат да летаат над Синај, додека не се утврди дали има опасност од исламистите. Руските власти официјално соопштија дека нема преживеани по вчерашниот пад на патничкиот авион.

Слични содржини