Лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин смета дека сеуште може да победи на предвремените парламентарни избори во јуни, иако анкетите покажуваат голема предност на Конзервативната партија, соопшти Франс прес.

Претседателот на најголемата опозициска партија во Велика Британија се претставува како кандидат кој се бори против системот и за промена.

Речиси 20 година од првата од три последователни изборни победи на британскиот лабурист Тони Блер партијата продолжува да  ги губи британските гласачи.

Истражување на YouGov за “Тајмс” покажува дека лабуристите заостануваат со 25% од Конзервативната партија на премиерот Тереза Меј.

Но за време на настан во Лондон Корбин негира дека победата на конзервативците е сигурна.

Дефинирајќи се  против богатите елити и корпоративната врхушка, левиот лидер истакна дека нема да игра според правилата “, наметнати од неуспешните политички и корпоративни елити “.

 Според него правилата дозволиле на ” наметка на  картел со ставови и  системот во корист на неколку влијателни и богати лица и корпорации”.

Корбин, рече дека не сака избори за Брегзит – прашање кое води до тензии и поделби во партијата.

Во исто време портпарол на опозицискиот лидер појасни дека Корбин нема да го поддржи вториот референдум за Брекзит.

Според лидерот на лабуристите предвремените  избори ќе бидат битка со “конзервативците, партијата на привилегираните и богатите, против Лабуристичката партија, партијата која стои зад работниците, за да им го подобри животот како целина”.

Корбин истакна дека сака Велика Британија да ги продолжи со економските односи со ЕУ.