Корисниците на Facebook станаа 2 милијарди

од Vladimir Zorba

Основачот на Facebook Марк Цукерберг објави дека бројот на сметките во социјалната мрежа достигна две милијарди. “Утрово, бројот на корисници во Facebook заедницата официјално стана две милијарди луѓе Го постигнавме овој успех, приближувајќи ги луѓето, а сега ајде да им помогнеме на луѓето низ целиот свет да бидат поблиску еден до друг. За мене е чест да бидам заедно со вас овој пат! “, напиша Цукерберг на страницата на социјалната мрежа.

Facebook е основана од Марк Цукерберг во февруари 2004 година, кога тој во тоа време е 19-годишен студент. Првично сајтот е достапен само за студентите од Харвард. За сите корисници на Интернет регистрацијата беше овозможена во септември 2006 година.

Седиштето на компанијата се наоѓа во Менло Парк (Калифорнија). Бројот на вработените на крајот на март 2017 година е 18 770 лица.

Слични содржини