Кортни Кокс веќе има 53 години, но и покрај тоа актерката признава дека сака да има уште едно бебе. Ѕвездата од серијата “Пријатели” е среќно мажена за Џони Макдејд.

Во интервју таа раскажува за нејзиниот приватен живот. На прво време Кортни одлучи да се обложи на природната убавина и да престане да си става “инјекции за младост”, како што таа го нарекува ботоксот, пишува ok Magazine.

И покрај нејзината возраст, актерката раскажува дека е подготвена да преземе некои екстремни решенија, како на пример да роди бебе. За тоа би се доверила на современите методи.

“Сакам уште едно бебе. Знам дека тоа е безумие, но многу сакам. Се разбира ќе ми треба туѓа јајце клетка, но со задоволство би го сторила тоа за Џони “, отворена е таа.

Актерката сака да му подари бебе на својот 40-годишен сопруг. Кортни веќе има 13-годишна ќерка Коко Аркет од првиот сопруг Дејвид Аркет.