За еден месец одново старува изградбата на станбениот комплекс „Космос“, што власта го сруши пред три и пол години. Сопственикот, Фијат Цановски не се откажува и објаснува дека дозволата за градба му важи уште десет месеци-информира ТВ Ал сат

kosmos_3d

„Дозволата има важност пет години, ние имаме уште десет месеци за да започнеме со градбите и во тој рок да биде готова дури и карабината. Ако влезе странски инвеститор таа дозвола се продолжува уште пет години. Но, јас нема да чекам толку многу. Во наредниот месец започнувам со градбите и до Нова Година, додека важи дозволата ќе биде затворена зградата и карабината. Ние имаме платено комуналии, од 5 милиони и 170 илјади евра, кон градот и општината. И, иако досега тие требаше да ги завршат булеварот и улиците, тие не се започнати. Но, ако не ги завршат, јас со сопствени средства ќе ги завршам булеварот и улиците и ќе им пратам фактура“, рече Фијат Цановски, сопственик на „Космос“.

Од, Министерството за транспорт тврдат дека според информациите од општина Гази Баба, во моментов нема направена промена на Деталниот урбанистички план. За Космос има одобрение за градење и може да се гради после завршувањето на постапката по Решението за отстранување на градбата. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за сите детали упатува во општина Гази Баба.

Повеќе ТУКА

Слични содржини