Косовар украл банкарски картички и подигнал 30.000 денари

од Vladimir Zorba

5B977CFFFA05D046965CCCDD2673E344

Струшката полиција поднесе кривична пријава против Г.Х. (53) од Приштина, Р. Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела, „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информира МВР.

На 16.07.2016 година во ПС Струга од страна на Б.Т. од Струга пријавено е дека додека бил на Градскиот пазар пријавениот во згодна прилика од џеб на панталоните противправно му го одзел паричникот во кој имало лични документи и две банкарски картички од НЛБ Тутунска Банка со пин код, при што од едната банкарска картичка во два наврати подигнал парични средства од банкомат на Охридска Банка во Струга во износ од 30.000 денари.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Слични содржини