Актуелно
Почетна / Актуелно / Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре во посета на Македонија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре во посета на Македонија

  Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утре ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на Храдинај, тој освен средбата со својот домаќин, македонскиот премиер Зоран Заев, ќе биде примен и од други високи македонски личности.

– Премиерите Харадинај и Заев ќе разговараат за пријателските меѓусосодски односи, а ќе го дефинираат и датумот на одржување на заедничката седница на владите на двете земји, се наведува во соопштението.

Косовските медиуми наведуваат дека истиот ден во Скопје ќе прстојува високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Македонскиот премиер Заев на 12 декември престојуваше во Косово, каде домаќинот Харадинај го пречека со највисоки државни почести.