Костовски: СЈО под контрола на СДСМ

од desk2

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од пред СЈО обвини дека ова обвинителството е под контрола на СДСМ.

– Сите обвиненија кои СЈО ги поткрена и сите истраги кои беа спроведени, беа политички нарачки и имаа за цел рушење на угледот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство, истакна Костовски.

Според него, случајот Тортура за прекумерна сила врз Љубе Бошкоски е смешно и истото претставува ноторен егземплар на политичко инспирирано обвинениее.

– Дека ова обвинение на СЈО е партиска нарачка, која има за цел рушење на угледот на ВМРО-ДПМНЕ докажува записникот за задржување на лице, составен за случајот за апсењето на Бошкоски, каде е констатирано дека задржаното лице нема видливи повреди, дека нема потреба од лекар и нема забелешки, вели Костовски.

Слични содржини