Костовски: Судството за време на СДС го допре дното

од Vladimir Zorba

„СДС еднаш веќе го имаше унаказено и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии кои ги имаа поминато нивните партиски филтри,“ изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за „Радио Слободна Европа“.

Според него, „судството тогаш го допре дното“.

„Сега Заев сака да го реализира истото сценарио само за да се спаси од одговорност за криминалиите кои што ги правел. Заев мисли дека доколку во судовите постави партиски послушници, тие ќе го амнестираат исто како што Бранко Црвенковски го аболицираше за криминалот во „Глобал“ тежок осум милиони евра или како што Катица Јанева го спаси од одговорност во случајот „Пуч“,“ додаде Костовски.

Слични содржини