Кожата на вратот и деколтето негувајте ја со тупкање и со нежни движења

од Vladimir Zorba

Слез, листови од бреза, масло од макадам и арган ќе го забават стареењето, а движењата на мачкањето нека бидат нагоре. Колку пати сме гледале фотографии од некои познати личности и сме забележале негувано лице, а вратот и деколтето како да му припаѓаат на некој друг. Кожата на вратот и деколтето ги оддава годините бидејќи тие подрачја се многу осетливи, но со вистинска нега можат да се забават првите знаци на стареењето како што се брчките и исушувањето на кожата. –Кожата на вратот и деколтето почнува да старее околу 30-тата година.

Времето ни донесува и промена на тенот, се појавуваат тн пигментациски дамки поради нерамнотежата на меланинот во кожата. А и сончањето поттикнува создавање на визуелни неправилности на деколтето.На средината на вратот напоредно се појавуваат брчки, а секако треба да се обрне внимание и на настанувањето на подбрадокот. Затоа додека го нанесувате кремот на лице, сетете се на вратот и деколтето. Анти-ејџ состојките за тие делови се импозантни:тука се слезот, листовите бреза, црвената детелина, но и генијалните масла на макадам и арган. Се заедно ќе ги разубави и формулите со колаген, пептиди, хранливи состојки, но пред се важна е хидратацијата.

Ако немате крем за деколте, добро ќе дојде некоја лесна хидратизирачка текстура, која секојдневно ќе ја нанесувате со лесни движења. Немојте тоа осетливо подрачје да го затегнувате премногу во текот на мачкањето.Под тоа се градните мускули:со физичките вежби исто така можете да постигнете долготрајна младоликост на деколтето. Козметичарите често советуваат дека ќе се навикнеме да го негуваме вратот и деколтето ако ги мачкаме-кога и лицето. Движењата на мачкање нека бидат нежни, нагоре. Добро е и тупкањето, особено за деколтето. Кога ќе започнат жештините и сончањето, деколтето и вратот задолжително заштитете го со крем со заштитен фактор.
С.В.

Слични содржини