Почетна / Актуелно / Коѕиас: Новата влада ја потсмири реториката, но ништо суштински не е сменето

Коѕиас: Новата влада ја потсмири реториката, но ништо суштински не е сменето

Новата влада ја потсмирила реториката и има покоректна комуникација, но сепак ништо суштински не е сменето, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за „Еуроактив“, за новата македонска влада.

Тој истакна дека за време на својата посета на Скопје во август, ќе разговара со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, за прашањата што не биле отворени на средбата во Атина, меѓу кои најверојатно и спорот за името.

– Проблемот со Скопје не е тоа што има еден или друг став. Проблемот е нешто што самата Европа мора да го разбере. Европа мора на добар начин да ги едуцира лидерите во Скопје за концептот на политички компромис и за културата на политички консензус. Кога станав министер за надворешни работи, им кажав на сите страни дека на некој начин „ги разгаливме“, бидејќи несоодветното однесување кон нас ќе го применат и во домашната политика. Сите видовме како Груевски го примени истиот концепт во својата земја – вели Коѕиас.

Тој, исто така, додава дека им порачал на своите пријатели во ЕУ да не создаваат „втор Груевски“, затоа што Заев ги има сите услови да разбере и да се отвори кон реално решение.

– Ќе работиме за ова решение и се надевам дека ќе добиеме одговор и ќе се избегне мешањето на трети страни кои ќе го отежнат пристапот кон ова решение – вели Коѕиас.