Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во петок во Њујорк ќе се сретне со медијаторот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц.коѕијас

Ова денеска го јави грчката државна телевизија ЕРТ повикувајќи се на „извори во  грчкото Министерство за надворешни работи“.

Според истите извори, од состанокот „не се очекува нешто значајно“, а ќе се разговара и за, како што наведуваат „политичките проблеми во Скопје“.

– Ако не се стабилизира состојбата и ако не добие влада (соседната земја), не можете да имате соговорник за да се напредува во вакви прашања, ја цитира ЕРТ изјавата на изворот од грчкото МНР

Слични содржини