За прашањето за името ќе се разговара по изборите во Македонија, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во интервју за „Катимерини“.

kodzias-520x293

– Моја претпоставка е дека по завршувањето на изборниот процес во Македонија и изборите на 11 декември, сигурно од многу страни ќе има поттикнувања за решавање на спорот за името. Следствено, после изборите, ова прашање треба да биде предмет на консултации меѓу двете министерства за надворешни работи и да не го оставаме на трети. И со помош, се разбира, на медијаторот Метју Нимиц, изјави Коѕиас.

Тој се осврна и на мерките за градење доверба меѓу двете земји. На новинарско прашање дали мерките за градење доверба ги доведуваат земјите поблиску до решение за името, тој вели „ќе видиме“.

– Но да знаете дека мерките за градење доверба помогнаа многу за да се урне сликата на Грција во Скопје, дека ние сакаме да ја распаднеме оваа држава, изјави Коѕиас и уште еднаш повтори дека Грција сака Македонија да опстои и оти токму затоа тој ставил вето кога Европската унија дискутирала за воведување санкции против нашата земја.

– Проблемот е што кумот на оваа држава направил грешка во врска со името, изјави грчкиот министер за надворешни работи./МИА

Слични содржини