Коѕијас: Соседите да покажат сериозност и да не преговараат преку интервјуа

од desk4

  Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас од Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Никос Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рече дека освен за ситуацијата во Сирија и нуклеарната програма на Иран, разговарале и за земјите од Западен Балкан, а тој информирал за текот на преговорите со нашата земја и Албанија.

– Објаснив каде се наоѓаат нашите преговори со Албанија и со ПЈРМ и исто така ја потенцирав потребата лидерите на последната да разберат дека не може да се водат преговори преку интервјуа и континуирани јавни изјави. Дека треба да покажат сериозност и да прифатат еден метод што ќе не одведе до решение, рече Коѕијас

Слични содржини