Kрај на здравата храна во Белата Куќа, на ред се бифтеците на Трамп

од Vladimir Zorba

Ако сегашниот станар на Белата куќа Барак Обама сака да паста со ракчиња, приготвени лично од неговата сопруга Мишел, тогаш неговиот наследник Доналд Трамп ќе го промени радикално менито во кујната, пишува Times.faeb5f971d9b51f6aa08cabe766a506c

Не е тајна дека бизнисменот не паѓа на здравата храна, туку преферира бифтеци, печени пилиња, хамбургери и помфрит. Искусниот претприемач и иден претседател на САД ќе потпише и договор за испорака на специјално вино од визба, сопственост на негови лозја во Вирџинија.

Според изданието, како една од првите “жртви” на гастрономските преференци на Трамп може да се покажат зеленчуковата бавча и овоштарник на Мишел Обама, кои се наоѓаат на јужниот тревник на Белата куќа.

Весникот потсетува дека леите беа оформени во 2009 година и тие се вклопуваат во кампањата на првата дама на САД за здравата исхрана на адолесцентите.

Затоа пак претпоставката е дека новиот сопственик на резиденцијата ќе ја замени со терен за играње голф, бидејќи е очигледен љубител на овој спорт.

Фото: Reuters

Слични содржини