Крајот на светот: 16 март 2880 година!?

од Vladimir Zorba

Уморни од предвидувањата за апокалипса кои (за среќа) така и не доаѓаат. Една конкретна прогноза за крајот на светот, сепак ги загрижува умовите на научниците веќе над 50 години.

Истражувачите од NASA внимателно го набљудуваат астероидот 1950DA кој може да се забие во земјата на 16. март 2880 година. Тој е карпа со дијаметар од околу 1 км, која лета со брзина од 15 км/сек. Ако се насочи кон нас, научните модели предвидуваат дека најверојатно ќе падне во Атлантикот со 61.000 км/ч.

Ако 1950DA удри во Земјата, тоа ќе се случи со сила еднаква на експлозија на 44.800 мегатони ТНТ. И иако ризикот постои да се случи тоа е едвај 0,3%, тоа е сепак со 50 отсто поголем ризик отколку што е измерен за кој и да е друг астероид во видното поле на научниците.

Во долгата историја на Земјата планета била погодена неколку пати од поголеми астероиди. Се претпоставува дека токму таков еден камен ставил крај на ерата на диносаурусите пред 65 милиони години.

 

Засега научниците не се премногу загрижени. Дури ризикот од судир да порасне со времето, се уште имаме неколку стотици години, за да научиме да ги тргнеме опасните астероиди кои ни се закануваат.

Извор: Дејли мејл

Слични содржини