Кратка средба на премиерот Заев со американскиот претседател Трамп

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев  вчера во Њујорк имал кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, на настан организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп за приклучување кон политичката декларација за реформата на ОН.

Заев, како што информираат од неговиот Кабинет, на средбата со претседателот Трамп изразил поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН и посакал успешен старт на реформите на организацијата на ОН.

Во Њујорк за Генералното Собрание на ОН, премиерот Заев е придружуван од министрите за надворешни работи Никола Димитров и за дијаспора Едмонд Адеми. Тој ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН, а ќе се обрати и на неколку панели.

Премиерот Заев, имаше средба и во „Google Jigsaw“, a со делегацијата од Владата ќе има и неколку средби со дијаспората.

Слични содржини