Kралицата Елизабета Втора го прекрши протоколот: Ја покани Меган за Божиќ

од Vladimir Zorba

Свршеницата на принцот Хари – Меган Маркел ќе биде со британското кралско семејство за време на божиќните празници во палатата Сангрингам во Источна Англија со кралицата Елизабета Втора, објавија светските новински агенции.
Тоа е девијација од протоколот, бидејќи обично партнерите на луѓе од кралското семејство не се дозволени на свеченостите пред да стапат во брак.

Кралицата ги поканува нејзините најблиски роднини во замокот Сандрингам. Тие разменуваат подароци на Бадник, а на Божиќ кралското семејство оди на служба во црквата на територијата на зградата.

Принцот Вилијам и неговата сопруга, Кејт, исто така, ќе бидат во Сандрингем за Божик.

Принцот Хари и Меган Марсел ја објавија својата свршувачка кон крајот на ноември. Тие ќе се венчаат во параклисот во замокот Виндзор во мај.

Слични содржини