Коментирајќи ги последните терористички напади во Париз тој истите ги нарече „ужас на тероризмот“.

470515_img650x420_img650x420_crop

– Ужасните напади во Париз говорат дека терористичките групи не почитуваат ниту еден закон во светот. И реков на претседатекатата Јахјага дека сме на прагот на Трета светска војна, изјави тој по средбата со косовската претседателка Атифете Јахјага.

На прес конференција кралот Ал-Хусеин искажал восхит поради напредокот постигнат во Косово по војната, додавајќи дека Косово е пример за верска толеранција.

– Задоволство е што повторно сум тука и што гледам промени кои се направени во Косово. Косово рефлектира добри вредности, вредности кои треба да ги рефлектираат сите, изјавил тој, јави косовската телевизија Клан Косова.

Слични содржини