Кратка историја за потеклото на 1 Мај

од Vladimir Zorba

 

 

 

Повеќето луѓе кои живеат во САД знаат малку за Меѓународниот ден на работнците (трудот) 1 Мај. Многу други претпоставуваат дека е тоа празник кој се слави во комунистички држави, како Куба или поранешниот Советски сојуз. Повеќето Американци не сфаќаат дека 1 Мај потекнува од оваа земја и е исто толку американски колку и безбол капата или питата со јаболки, и дека произлегува од предхристијанкиот празник Белтане, славењето на повторното раѓање и плодноста.

Во доцниот деветнаесети век, работничата класа била во постојана битка за осумчасовен работен ден. Работните услови биле страшни и било вообичаено да се работи од 10 до 16 часови на ден во небезбедни услови. Смртноста и повредите биле вообичаени на многу работни места и биле инспирација за книгите „Џунгла“ на Аптон Синклер и „Челична потпетица“ на Џек Лондон. Некаде околу 60-ите години од истиот век, работниците агитирале за пократок работен ден без кратење на платите, но тоа не се случило се до крајот на 80-ите години, кога организираниот труд собрал доволно сила за да прогласат осумчасовен работен ден. Објавата била без согласност на работодавачите, но тоа го барале поголемиот дел од работничката класа.

Истовремено, социјализмот бил нова и атрактивна идеја за работните луѓе, а мнозината биле провлечени од идеологијата за контрола на работничката класа над производството и дистрибуцијата на сите добра и услуги. Работниците од прва рака гледале дека од капитализмот корист имаат само нивните шефови, кои ги искористувале работниците само заради профит. Илјадници мажи, жени и деца непотребно умирале секоја година на работните места, а животниот век бил околу дваест години во некои индустрии, и малку надеж освен смрт доаѓал од нивниот очај. Социјализмот нудел други опции.

Разни социјалистички организации изникнале во втората половина од деветнаесетиот век, од политички партии до хорови. Всушност, многу социјалисти биле избирани во власта од нивните избирачи. Но сепак, многу од овие социјалисти биле истуркувани од политичките процеси кои биле толку очигледно контролирани од големите бизниси и двопартиската политичка машинерија. Десетици илјади социјалисти произлегувале од партиите со што го засилувале политичкиот процес кој бил сметан за ништо друго освен како заштита на богатството, и се создале анархистички групации низ целата земја. Буквално илјадници работни луѓе ги прифатиле идеите за анархизам, кој требало да стави крај на сите хиерархиски структури (вклучувајќи ја и владата), да ја осмисли идејата за индустрија контролирана од работниците, и да ги вреднува директните акции наспроти бирократските политички процеси. Погрешно е да се каже дека работничките синдикати биле „преземени“ од анархисти и социјалисти, туку поточно е дека анархистите и социјалистите си основале свои работнички синдикати.

На меѓународната конвенција во Чикаго, која се одржала во 1884 година, ФедерацИјата на организирани здруженија и синдикати (Фотлу, која подоцна станала Американска федерација за труд) прогласиле дека „осумчасовниот работен ден ќе биде легален работен ден од и по 1 мај 1886 година“. Следната година, Фотлу поддржана од многу локални Витези на трудот, ја дополниле својата објава дека за поддршка преку штрајкови и демонстрации. На почетокот, повеќето радикали и анархисти го сметале ова барање како премногу реформистичко, и не усеале да удрат „во коренот на ѓаволот“. Една година пред масакрот на Хајмаркет, Семјуел Фиелден во анархистичкиот весник Аларм укажал дека “без разлика дали човек работи осум или десет часови на ден, тој е се уште роб“.

И покрај погрешните упатства од страна на анархистите, се проценува дека околу четврт милион работници во областа на Чикаго директно биле вклучени во крстоносната војна за воведување на осумчасовен работен ден, меѓу кои биле и Собранието на здруженија и синдикати, Социјалистичката работничка партија и локалните Витези на трудот. Што повеќе се мобилзирала работната сила против работодавачите, овие радикали продолжиле да се борат за осумчасовен работен ден, и сметале дека „бранот на мислења и одлучности на повеќето работници кои работеле на минимална плата одел во овој правец“. Со вклучувањето на анархистите, ова излегло како инфуизија за други поголеми прашања отколку само за осумчасовниот работен ден. Тоа го поткренало чувството за поголема социјална револуција над барањето за итни придобивки со омалку работни часови, но станало и драстична промена во економската структура на капитализмот.

Во објавата која била отпечатена непосредно пред 1-ви мај 1886 година, еден издавач му се обратил на работниот народ со овој повик:

„Работници на оружје!

Војна против палатата, мир во колибите, и смрт за луксузирачката инертност.

Системот на вреднување на плати е единствената причина за мизеријата во светот. Тоа е поддржано од богатите класи, и да ги уништи, тие или ќе бидат натерани да рабтоат или да умрат.

Половина килограм динамит е подобар од купишта изборни кутии!

Вашето барање за осумчасовен работен ден барајте го со оружје во рацете, за да ги дочекате капиталистичките крвопии, полицијата, и милициите во содветен манир“.

Не изненадува тоа што целиот град бил подготвен за масовно крвопролевање, што посетува на штрајкот на работниците во железницата една деценија претходно, кога полицијата и војската убиле стотици штрајкувачи. На 1-ви мај 1886 година, повеќе од 300 илјади работници од 13 илјади фирми низ цела САД, излегле од работните места на штрајк, а анархистите биле на чело на јавниот протест. Со жестоките говори и револуционерната идеологија за директна акција, анархистите и анархизмот станале почитувани и прифатени од работниот народ, а презирани од капиталистите.

Имињата на многумина – Алберт Парсонс, Јохан Мос, Аугуст Спајс и Луј Линг – станаа познати во Чикаго и низ целата земја. Паради, оркестри и дестици илјади демонстранти на улиците ја претставуваа силата и единственоста на работниците, иако сеуште не станаа насилни како што предвидуваа весниците и властите.

Се повеќе работници продолжуваа да излегуваат од работните места се додека бројката не нарасна до 100 илјади, но владееше мир. Се до два дена подоцна, на 3-ти мај 1886, кога изби насилството кај челичаната Мекормак рипер ворк, помеѓу полицијата и штрајкувачите.

Цели шест месеци вооружени агенти на Пинкертон и полицијата апсеа и тепаа работници од челичани онака како овие се појавуваа. Повеќето од овие работници припаѓаа на „доминантно анархистичкиот“ Синдкат на металските работници. За време на говорот во близина на фабриката Мекормак, околу двеста демонстранти им се придружија на челичарите на линијата на одбрана. Тепањето со полициски палки продолжи со фрлање камења од страна на шрајкувачите, на што полицијата одговори со огнено оружје. Најмалку двајца штрајкувачи загинаа, а непознат број беа повредени.

Бесно до крајни гранци, за следниот ден некои од анархистите ја повикаа јавноста на излегување на плоштадот Хејмаркет за да разговараат за полициската бруталност. Заради лошото време и краткиот рок, само три илјади од десетиците граѓани од претхониот ден се појавија таму. Меѓу нив имаше семејства со деца, па и самот градоначелник на Чикаго. Подоцна градоначалникот тврдеше дека толпата народ била мирна, а потоа говорникот Аугуст Спајс рече: „Не постои повик… за итна употреба на сила или насилство кон било кого…“

Додека говорот привршуваше, двајца детективи влетале во масата полицајци и рекоа дека говорникот користел распламтувачки јазик, со што полицијата била испровоцирана да тргне на колата на говорникот. Додека полицијата ја растерувала веќе разретчената толпа, била фрлена бомба врз полициските сили. Никој не знае кој ја фрлил бомбата, но шпекулаците одат од било кој од анархистите до агент провокатор кој работел во полицијата.

Предизвикана, полицијата отворила оган врз народот. Никогаш не беше дознат точниот број на убиени или повредени цивили, но се проценува дека загинале седум или осум цивили, а околу четириесетина биле повредени. Еден полицаец загинал на самото место, додека други седумина во текот на следната недела. Подоцнежните докази укажуваат дека само еден полицаец загинал, најверојатно од бомбата, а другите загинати полицајци можеби или не, заради нивното неселективно пукање. Покрај фрлачот на бомбата, кој никогаш не беше идентификуван, токму полицијата, а не анархистите, беа тие кои го распалија насилството.

Осумина анархисти – Алберт Парсонс, Аугуст Спајс, Семјуел Фиелден, Оскар Нибе, Мајкел Шваб, Џорџ Енгел, Адолф Фишер и Луј Линг – биле уапсени и обвинети за убиства, иако само тројца биле присутни кај Хејмаркет, а тие тројцата сите ги гледале кога бомбата експлодирала. Поротата на судењето било составена од бизнисмени, а оваа фарса од судење било слично на случајот Сако-Ванцети, триесет години подоцна, или на судењата на АИМ и членовите на Црните пантери во седумдесетите години од минатиот век. Целиот свет ги гледаше овие осумина организатори како се осудувани, не заради нивните дела по кои сите биле невини, туку заради нивните политички и социјални верувања. На 1 ноември 1887 година, по многу поднесени жалби, Парсонс, Спајс, Енгел и Фишер биле обесени. Луј Линг, пред последниот протест заради тврдењето на државните власти и досудената казна, си го одзел животот ноќта претходно со експлозивна направа во устата.

Останатите организатори, Фиелден, Нибе и Шваб, биле помилувани шест години подоцна од гувернерот Алтгелд, кој јавно го нападнал судијата во процесот заради предавство на правдата. Веднаш по масакрот кај Хајмаркет, големите бизниси и владата го наметнаа она што некои велат била првата „црвена закана“ во оваа земја. Оцрнети од мејнстрим медиумите, анархистите станаа синоним за фрлање бомби, а социјалзимот тогаш се претвори во неамерикански. Општата слика за еден анархист стана брадосан, источноевропски емигрант со бомба во едната и нож во другата рака.

Денес гледаме десетици илјади активисти како ги прифаќаат идеалите на мачениците од Хејмаркет и на оние кои го воспоставија 1-ви мај како Меѓународен ден на работниците. Иронично, но 1 Mај е официјален празник во 66 држави и неофицијално се слави во уште многу други, но тоа ретко се препознава во оваа земја каде се и започна.

Поминаа повеќе од сто години од првиот 1-ви мај. На почетокот од дваесетиот век, американската влада се обиде да ја заобиколи прославата и да продолжи да го брише од сеќавањето во јавноста со воведувањето на Денот на редот и поредокот на 1-ви мај. Можеме да повлечеме многу паралели помеѓу настаните од 1886 и денес. Се уште ги закочуваме челичарите во нивната борба за правда. Се уште слушаме гласови од зад решетки кои бараат слобода, како во случаите со Мумиа Абу Џамал и Ленард Пелтие. Се уште сме способни да мобилизираме дестици илјади луѓе на улиците во големите градови за да викаат: „Вака изгледа демократијата!“ на демонстрациите против СТО и ФТАА.

Зборови посилни отколку што можам јас да напишам стојат на споменикот на Хејмаркет:

„Ќе дојде ден кога нашиот молк ќе биде помоќен од гласовите кои денес ги задушивте“.

Вистина е, историјата има уште многу нешта да не научи за корените на нашиот радикализам. Кога ќе се сетиме дека луѓе биле убивани за денес да имаме осумчасовен работен ден, ако признаеме дека домови со семејства биле палени до темел за денес да ја имаме саботата како дел од викендот, кога ќе се сетиме на осумгодишните жртви во индустриски несреќи кои маршираа по улиците против тешките работни услови и децата како работна сила за да бидат тепани од полицијата и компаниското обезбедувањето сотавено од битанги, сфаќаме дека нашите сегашни услови не можат да бидат земени здраво за готово – луѓето се бореле за pравата и за дигнитетот кој денес ние го уживаме, а има уште многу нешта за кои треба да се бориме. Жртвата на толку многу луѓе не смее да биде заборавена или ќе завршиме повторно борејќи се со истите тие џинови. Ете зошто го славиме 1 Mај.

iww.org

Слични содржини