Дупка во буџетот на Грција од над 2,5 милијарди евра откри техничката група на Европската комисија, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европскиот фонд за стабилност, што е во Атина на разговори со грчката влада, пишува весникот „Етнос“.

hrimata

Екипата на овие институции во Атина ги проверува сметководствените книги на кабинетот на премиерот Алексис Ципрас во врска со предложените од него структурни реформи, што планира да ги реализира, за да бидат деблокирани средства од спасувачката програма на земјата.

Повикувајќи се на владини претставници, весникот тврди, дека преговорите со овие инстиутуции се „заглавени“ и дека технократите на европските партнери на Грција продолжуваат со политиката на цврст курс и да ги оценуваат буџетските показатели на земјата врз основа на обврските, преземени од предтходната влада во Атина, и во рамките на мерките преземени од поранешниот министер за финансии Гикас Хардувелис.

Весникот тврди дека за дупка во висина од 2,2 милијарди евра, но во буџетскиот суфицит за 2014 година соопштило и грчкото министерство за финансии.

Централната банка на Грција вчера објави дека годинава земјата повторно е во дефицит. Според податоците на банката, готовинскиот баланс на централната влада е 684 милиони евра дефицит за првите два месеци на годината, во споредба со суфицитот од 139 милиони евра во јануари и февруари 2014 година.

Партијата Сириза залагајќи се против спасувачката програма за Грција победи на изборите на 25 јануари и најави повторно разгледување на договорот со меѓународните кредитори, настојувајќи за ново кратење на долговите по шест години на рецесија.
Премиерот Алексис Ципрас вчера увери дека платите и пензиите нема да бидат намалени во преговорите со кредиторите.

Слични содржини