Кремљ: Испораката на оружје на Украина нема да донесе стабилност

од desk2

Евентуалната испорака на оружје во Украина од САД; нема да донесе стабилност на истокот на таа земја, соопшти денеска Кремљ.


Претседателот на Украина Петро Порошенко, напиша на своите профили на социјалните мрежи дека Сенатот одобрил снабдување на Украина со оружје во одбранбени цели, пренесе Ројтерс.

Наведе дека според законот кој е усвоен во САД, вкупно 500 милиони наменети се за поддршка на украинската одбрана и безбедност.

„Тоа е изјава на Порошенко, не го слушнавме соопштението од аметиканската страна за ова“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Слични содржини