Кремљ ја негираше вмешаноста на Русија во нападите во Источна Гута

од desk4

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков категорично ги негираше обвинувањата дека руската војска има улога во воздушните напади, кои доведоа до смртта на цивили во бунтовничката енклава Источна Гута во Сирија, пренесува TACC.

“Ова се неосновани обвинувања. Не е јасно на што се темелат. Не се обезбедени конкретни податоци. Ние не се согласуваме со овие обвинувања„, истакна Песков.

Во новите воздушни напади во средата против бунтовничката енклава Источна Гута во Сирија загинале најмалку 24 лица, со кои вкупниот број на цивилни жртви во градот за последната недела достигна речиси до 300.

Слични содржини