Кремљ категорично отфрла поврзаност на Русија со настаните на денот на изборите во Црна Гора

од desk3

Кремљ категорично ја отфрли можноста за некаква врска меѓу Москва и обидите за организирање на какви и да било незаконски активности во Црна Гора, изјави прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на црногорското Обвинителство за евентуалното учество на „руски националисти“ во обидот за организирање терористички напади на денот на изборите во земјата, на 16 октомври, јави ТАСС.

milo-djukanovic-vladimir-putin

– Ние категорично ја отфрламе можноста за официјална врска со какви и да било обиди за организирање на некакви противзаконски активности, рече  Песков.

Тој истакна дека Кремљ не добил никакви официални прашања од Црна Гора и не располага со никаква информација за случајот./МИА

Слични содржини