Кремљ не е информиран за укинувањето на санкциите кон Русија

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин утре со американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговара за актуелната состојба во билатералните односи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој наведе дека малку веројатно е Путин и Трамп да дискутираат за целиот комплекс прашања што ги засегаат двете држави.

Утрешниот телефонски разговор ќе биде прв откако Трамп влезе во Белата куќа.

Претходно, руските медиуми јавија дека администрацијата на Трамп подготвува укинување на санкциите кон Русија.

– Извори соопштија дека администрацијата на Трам подготвува указ за укинување на санкциите кон Русија, напиша Фабрис Потје од аналитичкиот центар „Атлантик каунсил“ на Твитер.

Песков наведе дека не знае колку таквата анонимна информација одговара на реалноста.

– Не знам ништо за тоа, посочи Песков.

Слични содржини