Кремљ пресече: Путин е здрав!

од desk4

Рускиот претседател Владимир Путин е во одлична физичка форма, но Кремљ нема намера официјално да ја објави здравствената состојба на шефот на државата.

Ова го изјави претседателскиот прес секретар Дмитриј Песков преда новинарите, коментирајќи го извештајот на Белата куќа за здравјето на Доналд Трамп.

“Не ми е познато како се подготвуваат нивните формати. Нашето законодавство не предвидува задолжително да се објавуваат податоци за здравјето на претседателот. За возврат можам да ве уверам дека претседателот (Путин) е апсолутно здрав, може многумина да стави в џеб”, Истакна Песков.

На 7 октомври, рускиот шеф на државата го наполни 65 години. Путин е џудо мајстор, игра хокеј и др. Го поминува својот одмор во Сибир, како во минатото лето руските државни телевизиски канали емитуваа снимки на кои претседателот управува гумени чамци и фаќа риба топлес во планинско езеро.

Слични содржини