Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков не располага со информации дека Русија божем ја предупредила Турција за подготвениот државен удар. “Не располагам со таква информација и не знам на какви извори се повикува агенција” Фарс “, рече тој, коментирајќи пја веста , цитиран од ТАСС и БГНЕС. Како што веќе локално.мк информира ноќеска иранската агенција прошири информацијата дека Москва го предупредила турскиот претседател Реџеп Ердоган за подготвен пуч. Според нејзините тврдења таа божем била добиена од неколку дипломатски извори во Анкара.

20151124.fksjjpezvo

На пример турската Национална разузнавачка агенција (МИТ) била предупредена за “неизбежен воен удар”. Ова предупредување се базирало на податоци, пресретнати од руски војници. Податоците биле за разговор на заговорниците. Разговорот прецизираат испраќање на неколку воени хеликоптери во Мармарис, каде во тоа време се наоѓа Ердоган, за да биде уапсен или убиен.

Во ноќта на 16 јули во Турција беше направен неуспешен обид за воен удар. Во Анкара, Истанбул и целата земја имаше судири меѓу противници и приврзаници на претседателот Ердоган. Како резултат на нив 208 лица загинаа, а други околу 1.500 беа повредени. На почетокот на оваа недела Турските Вооружени сили објавија дека целосно веќе ја контролираат територијата на земјата, а во земјата синоќа беше воведена вонредна состојба.

Слични содржини