Дополнителни мерки за безбедност се воведени во Кремљ и резиденцијата на рускиот претседател крај Москва во Ново Огорово.

Тие се преземени со цел да се избегне евентуално истекување на информации, објасни Дмитриј Песков – Прес секретарот на Владимир Путин.

0000284703-article2

“Со камери и стативи може, бидејќи тие се наменети за снимање. Навистина, мерки се преземаат за обезбедување на режимот на тајност, потребен за спречување на непожелно протекување. Во овој план навистина се преземат мерки”. Ова го одговори Песков на прашање со што е поврзано јакнењето на мерките за безбедност во Кремљ и ново Огорово – се земаат пасошите на новинарите, на настаните не се дозволени луѓе со лаптопи, но со камери е можно, пишува РИА Новости.

Су-24 бил соборен заради бизнисите на синот на Ердоган

Пред новинарите Песков изјави исто така дека партнерите на Русија не се подготвени за работа во формат на единствена коалиција за борба против терористичките групи, додека Русија ја задржува желба да комуницирате во сите формати, на кои тие се подготвени.

“Русија, како што е познато и како штп во неколку наврати изјави Владимир Путин, вклучувајќи и пред Генералното собрание на ОН, е за создавање на коалиција. Во овој момент за жал нашите партнери не се подготвени за работа во форма на единствена коалиција”, рече Песков.

Тој рече дека, сепак, “и покрај тоа ние ги држиме вратите отворени и ја задржуваме својата подготвеност и својата желба да комуницирате во сите формати, на кои нашите партнери ќе бидат подготвени”.

Слични содржини