Syria’s-Assad-expresses-support-to-Putin-on-Ukraine

Русија е уверена дека плановите на САД да извршат воздушни напади врз позициите на сириските вооружени сили во Сирија ќе доведат до уште поголема дестабилизација на земјата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Москва повеќепати потенцирала дека помошта за опозицијата во Сирија води до поголема дестабилизација, наведе Песков.

Тој додаде дека ослабнувањето на режимот во Сирија ќе ја намали неговата способност за дејствување против Исламска држава.

Претходно, Белата куќа потврди извештаи на „Волстри џурнал“ дека САД користат авијација за заштита на тимови на умерената опозиција во Сирија.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Алистер Баски, не прецизираше од какви принципи се води Пентагон при заштита на одредите на опозицијата во Сирија.

Тој додаде дека САД се подготвени да преземе секакви мерки за да гарантира дека тие сили успешно ќе ги исполнат задачите.

Пентагон според него, е подготвен да упати и „огнена поддршка за да ги заштити“.

„Волстрит џурнал“ објави дека Владата на САД дозволила американски сили да користат авијација во Сирија за заштита на сириската умерена опозиција, обучувана од Вашингтон, од владини сили и ИД./МИА

Слични содржини