Крис Браун раскажа зошто ја претепал Ријана

од Vladimir Zorba

Крис Браун и Ријана се разделија со грандиозен скандал откако раперот ја претепа. Сликите на помодрената пејачка го обиколија целиот свет, а тој влезе во судот.
Инцидентот се случи пред церемонијата за наградите “Греми” во 2009 година. Подоцна стана јасна  причината за отсуството на двојката на наградите.

Сите се чудеа со што пејачката го предизвикала гневот на Крис. Двајцата сепак молчеа. Браун беше осуден на 5 години условна казна, 1 година терапија за семејно насилство и 6 месеци општествено корисна работа.

Пејачката повторно сепак беше до него и постојано му даваше шанси со надеж дека тој ќе се промени. “Ќе ми е гајле за него до денот на кој ќе умрам. Тогаш имав чувство дека никој не го разбира и дека треба да го бранам од светот. Дури по тоа, што ми го направи …” – откри тогаш таа во интервју за списанието Vanity Fair.

Сега Крис Браун открива што точно се случило пред осум години. “Јас ја изневерував и таа се сомневаше, но не ѝ признавав. Во вечерните часови на наградите другата жена се појави и Ријана побесне.

Седнавме во автомобилот, таа врескаше и сакаше да ми го земе телефонот да ми ги прочита пораките. Ѝ го дадов телефонот и таа ја прочита пораката во која другата ми вели дека ќе дојде на наградите.
Ријана полуде, се  забуткавме, таа ме удри, јас ја гризнав за раката “- раскажува Браун во биографскиот филм Welcome to My Life, кој ќе биде емитуван во август.

Раперот издаде дека ова не е прв пат, во кој со Ријана дошло до борба. До овој момент, сепак, тие успевале да се запрат навреме. Двајцата тотално ја прекинаа врската во 2013 година.

Слични содржини