Крис Хемсворт има изглед, карактеристичен за грчките богови и не е чудо што ја одигра улогата на богот на громот – Тор, од екранизацијата на стрипот на Marvel.337c0f274c2afae6647895add994d282

Австралискиот актер сепак, сака да остане долу на земјата и да не се вообразува од славата, успехот и фановите.6bf53a6f794d6c974fa4190a565542bb

Во новиот број на магазинот Vanity Fair, Крис вели дека и покрај извонредниот физички изглед тој не се смета за супермаж или суперхерој, туку се обидува да живее скромен, нормален живот.

“Првиоот чекор беше на мојот постар брат – Лук, кој започна да се снима во филмови прв. Јас го следев неговиот пат, а потоа нашиот најмал брат – Лиам ме следеше мене “, вели 32-годишниот среден брат Хемсворт. “Ние сме среќни што сме во бизнисот и можеме да си помагаме и да си ги чуваме грбовите. Освен тоа не се поштедуваме еден со друг од конструктивната критика. ” 043755e22bf3d25513170bf7994c3d58

Големиот пробив на Крис доаѓа неколку месеци по малата улога во “Star Trek” во 2009 година.

Тој се сеќава денес: “Имаше осум месеци помеѓу двата филма кога едноставно сите предлози кон мене запреа.  Речиси бев изгубил трпение и се токмев да ги спакувам куферите и да се вратам во Австралија, кога ме поканија на аудиција за Тор. “f43ec4e04fa710bfa481cda1b9ed53e8

Другото е историја, по успехот на овој филм, Крис не е останува без предлози за филмови, па наскоро ќе го гледаме во лентата “Во срцето на морето”, а во почетокот на наредната година ќе излезе и продолжението на “Снежана и ловецот” – “The Huntsman Winter’s War”.95faa40976f524778438ef4bf31f148a

Денес, кога тој е суперѕвезда, таткото на три деца има сосема други стравови, кои не се поврзани со недостатокот на работа. “Страв ми е дека филмската индустрија е создадена за да ги претвори луѓето во нарцистичка, самољубљива природа. Не сакам да губам врска со реалноста. Затоа редовно одам на прошетки по улицата, за да се потсетам себе си за сите обични нешта кои претходно можев да правам ги непречено. ”
2c01cafdc835e3700bfe701e1bef3f4e

Слични содржини