Крис Корнел се самоубил со бесење

од Vladimir Zorba

Крис Корнел почина во средата по концерт во Детроит. Познатиот рок музичар имаше само 52-години. Неколку часа откако веста ги шокираше роднините на музичарот, како и милионите негови фанови, станува извесно дека најверојатно станува збор за самоубиство. Корнел се самоубил со бесење. Тоа го потврди службата за судска медицина во округот Вејн, во северно-американската држава Мичиген.

Претходно претставникот на Корнел, Брајан Бамбери потврди само дека фронтменот на Soundgarden и Audioslave починал на 17 мај.

Бамбери ја опиша смртта на Корнел како “ненадејна и неочекувана”. Тој изјави дека претстои обдукција, која ќе ги открие точните причини што доведоа до неочекуваната смрт на пејачот.

Весникот Mirror пишува дека телото на Корнел е пронајдено на подот во бањата на хотелот од негов близок. Претставник на полицијата во Детроит изјавил за весникот дека истрагата е за наводно самоубиство.

Десетици ѕвезди од музичкиот свет, меѓу кои Џими Пејџ, Нил Роџерс и Били Ајдол оддадоа почит на музичарот.

Само неколку часа пред да почине, Корнел направил цел концерт со Soundgarden во распродадена сала во Детроит. Последната песна која ја исполнил била кавер на “In My Time of Dying” на Led Zeppelin, пишува nme.com.

Легендарниот Џими Пејџ напиша за него: “RIP Крис Корнел. Неверојатно талентиран. Неверојатно млад. Неверојатно отсутен.”

Слични содржини