Кривичен совет го разгледува барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски

од desk2

Барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски е дадено во работа на Кривичен совет од Одделението за организиран криминал на основниот суд Скопје 1.

Како што потврдуваат од Судот, советот постапува по барањето и по донесената одлука ќе ја информираат јавноста.

Министерството за правда уште во петокот го достави барањето за екстрадиција, најпрво до Апелациониот суд кој им определи притвор на поранешните разузнавачи. Апелација веднаш го достави барањето во Кривичен, од кого се очекува да ги комплетира списите за испорачување на двајцата бегалци./24 Вести

 

Слични содржини